• Мартин Танасковски

Екипата на Ленс ја заврши добрата серија на домашен терен и во дуелот против Ница доживеа пораз (0-1) со кој првпат падна пред својата публика во Лига 1 сезонава.
Единствениот погодок на мечот во Ленс падна во 57. минута, кога за екипата на Ница погоди Лаборде. Со оваа победа Ленс го загуби чекорот со лидерот Пари Сен Жермен, а исто така на табелата го прескокна и Олимпик Марсеј.
- Монпелје - ПСЖ 1-3:
ПСЖ освои три бода во луд натпревар против Монпелје (3-1). „Светците“ го скршија отпорот на ривалот во вториот дел, кога стрелаа Фабиан Руиз, Лео Меси и Ворен Заир-Емери. Овој меч го носи епитетот на луд затоа што во првиот дел Килијан Мбапе промаши два пенали и зицер, па се повреди, а исто така ВАР поништи два гола за ПСЖ на Меси и Хакими.
На останатите натпревари Монако го совлада Оксер (3-2), Рен беше убедлив со Стразбур (3-0), додека Лион ги разочара фановите со празно реми против Брест (0-0).