Заврши авантурата во Чемпионшип - „Лордот“ Бендтнер повторно со нов клуб

Некогашниот напаѓач на Арсенал и Јувентус, Никлас Бендтнер го напушти Нотингем Форест за кого потпиша на почетокот на сезоната и ги засили редовите на Розенборг. 

Популарниот „лорд“ за норвешкиот шампион потпиша тригодишен договор и ќе го носи дресот со број девет и ќе проба да ја „оживее“ својата кариера која му е во надолна линија веќе подолг период. 

Бендтнер за „шумарите“ одигра само 17 натпревари, во кои не се докажа постигнувајќи само два гола.