Завршен скандалот во Малага: Тренерот Виктор заработи отказ

Скандалот со тренерот на Малага денес ја доби својата разрешница. Виктор Санчез Дел Амо повеќе не е тренер на шпанскиот второлигаш Малага. Човекот кој беше учесник во еден од најголемите скандали во последните неколку години во шпанскиот фудбал, и официјално е разрешен од функцијата прв тренер на андалузискиот клуб.

Клубот ги информирал неговите адвокати дека договорот ќе биде раскинат. Минатата недела се појави видео од тренерот на Малага како мастурбира, што предизвика лавина негативни реакции низ медиумите и социјалните мрежи. Тоа беше доволно за тој да ја загуби работата.

Виктор претходно работеше во Олимпијакос и Депортиво Ла Коруња, а во играчките денови го носеше дресот на Реал Мадрид во периодот кога Фабио Капело беше шеф на стручниот штаб. 

Малага е 16-та по првиот дел на сезоната во Сегунда и со сигурност нема да се врати во Примера сезонава.