ВИДЕО: Затоа се најде меѓу петте најдобри во сезоната - нов гол на Митровски во Хрватска

Димитар Митровски уште еднаш потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата и заслужено се најде меѓу петте најдобри фудбалери во хрватскиот шампион оваа сезона. 

Македонскиот репрезентативец постигна уште еден погодок во дресот на Вараждин, со кој го најави пресвртот на неговиот тим и победата над Осијек од 2-1. Митровски противничката мрежа ја затресе во 22. минута, кога со сигурна реализација со лева нога израмни на 1-1. 

  • Голот на Митровски против Осијек:
  • Извештај од натпреварот:

За Македонецот ова беше осмиот гол во сезоната во хрватската фудбалска елита.