Затоа Роналдо е меѓу најдобрите, се појави на тренинг - ЧЕТИРИ ЧАСА порано!

Роналдо тренинг

Фудбалерите од најсилните лиги во Европа полека се подготвуваат за завршницата на тековната сезона, која се очекува да се доигра во јуни и јули.

Сите работат напорно за да избегнат евентуални повреди поради долгата пауза. Тоа не е ништо ново кога е во прашање Кристијано Роналдо, кој одново покажа дека дисциплината му е најважна и во овој дел од кариерата.

Покрај екипните тренинзи со Јувентус, португалскиот репрезентативец интензивно работи на своите индивидуални квалитети. Тоа го натера да се појави на денешната сесија во 12:52 часот.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Explode mode

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Тоа немаше да биде чудно, ако се знае дека тренингот на Маурицио Сари е закажан дури во 17:00 часот. Ова го пренесе „Тутоспорт“, кој испрати големи комплименти на сметка на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Тоа значи дека Роналдо користи дури четири часа да работи на својата игра, пред да им се приклучи на соиграчите на тимскиот тренинг.