• Горан Упале

Адин Личина на најдобар можен начин го започна својот период во дресот на Кремонезе. 19-годишниот фудбалер, кој во новиот клуб пристигна на позајмица од Јувентус, веднаш покажа зошто во Торино сериозно сметаат на него во иднина.
Личина постигна прекрасен гол на дебито против Парма во Купот на Италија. Во 41. минута, тој одлично продре по десната страна, а потоа со фантастичен лоб го совлада противничкиот голман и ги постави конечните 0-2.
За младиот фудбалер ова е одличен старт во новата средина и најава дека Кремонезе може да добие сериозно засилување во продолжението на сезоната.







