• Горан Упале
Еуфорија е благ збор за да се опишат емоциите на навивачите и играчите на Нови Пазар, по лудото реми со Црвена Звезда (3-3), што го остави тимот на Гаќиновиќ во трката за Европа.
Нови Пазар се врати од негатива од два гола, а Милетиќ во 87. минута стрелаше за 3-3 за експлозија од 9.000 луѓе на „Градскиот стадион“. А по завршувањето на натпреварот,следуваа незаборавни сцени.
Бура од емоции, извици, песни и, како најнезаборавен момент, солзи радосници на лицето на најголемиот „син“ на Нови Пазар, Адем Љајиќ. Веднаш по последниот свиреж, Адем падна на колена и солзите почнаа. Затоа и се врати, за ова сонуваше - да го поведе својот Нови Пазар во Европа и сега е на дофат на својот сон.
Фудбалерите на Нови Пазар се на еден чекор од историски резултат. Тие ќе ја кројат својата судбина во последното коло против нивниот директен ривал за истото место, ОФК Белград.