ВИДЕО: Затоа го викаат „лудак“ - Биелса направи шоу на тренингот на Лидс по еден еврогол

Биелса

Не за џабе е еден од најголемите „шоумени“ меѓу тренерите во Европа. Марсело Биелса го има надимакот „лудак“, а тоа го знаат сите негови играчи, кои кон него имаат голема почит и даваат сè од себе на теренот.

Моментално, неговиот Лидс Јунајтед, каде што настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, се наоѓа на третата позиција во Чемпионшип, зад Мидлсброу и Норвич Сити.

Вчерашниот тренинг за Аргентинецот беше вистинско уживање, бидејќи беше сведок на прекрасен погодок на Патрик Бамфорт. Истиот го прослави на свој препознатлив начин, што предизвика смеа кај присутните.

Погледнете како сето тоа изгледаше: