ВИДЕО: Затоа го споредуваат со Ван Перси, супер-талентот на Јунајтед блесна против Аз Алкмар

Од натпревар во натпревар Мејсон Гринвуд сè повеќе ги одушевува фановите на Манчестер Јунајтед и на натпреварот против Аз Алкмар во Лигата на Европа за само осум минути постигна два прекрасни гола.

Има само 18 години, а веќе прерасна во ресен стрелец и со право на Островото го споредуваат со поранешниот ас на „ѓаволите“ Робин Ван Перси. Гринвуд ја користи секоја пружена шанса од страна на Оле Гунер Солскјер, а така беше и синоќа, откако со два гола ја потврди доминацијата на Јунајтед над холандскиот претставник. 

  • Головите на Гринвуд против Аз Алкмар:

Со вечерашните два гола, Гринвуд стигна до бројката од шест постигнати погодоци оваа сезона со сите натпреварувања.