ВИДЕО: Затоа го сметаат за „новиот“ Ван Перси – мајсторија на младиот „ѓавол“ Гринвуд

Има само осумнаесет години, но може да ужива во големата доверба од страна на Оле Гунер Солскјер. Мејсон Гринвуд повторно докажа дека пред него претстои блескава фудбалска кариера и потврди зошто во Англија го сметаат за новиот Робин Ван Перси, откако на вечерашниот дуел против Брајтон постигна нов маестрален погодок. 

Се играше 16. минута кога Погба проигра до младиот англиски напаѓач, а овој на мајсторски начин се ослободи од директниот чувар и ја затресе гостинската мрежа, за водство на Јунајтед од 1-0. 

  • Голот на Гринвуд против Брајтон:

За Гринвуд вечерашниот погодок против Брајтон е негов шестти оваа сезона во Премиер лигата, од вкупно дванасет во сите натпреварувања.