• Мартин Танасковски
Мјалби, тим кој се сметаше за аутсајдер пред почетокот на сезоната, ја напиша веројатно една од најневеројатните приказни во шведскиот фудбал. Екипата како гостин успеа да го победи Гетеборг, па така тимот од малото рибарско село со само 800 жители ќе стане шведски првак.
Овој успех го направи Мјелби најмалиот град во историјата на топ-лигите на важните европски фудбалски нации кој произведува шампион. За едно мало, скромно место, ова претставува историски момент и потврда дека фудбалот понекогаш пишува неверојатни бајки.
Станува збор за клуб без ниту еден освоен трофеј во историјата. За ситуацијата да биде уште поинтересна, тренерот е директор во локалното училиште, а главниот скаут по професија поштар.Тежина на ситуацијата ѝ дава фактот дека пред неполна деценија Мјалби беше на чекор од испаѓање во четвртата лига, а денеска го направи најголемиот успех во шведскиот фудбал.
Поголемиот дел од фудбалерите се домашни играчи, буџетот е осум пати помал од оној на Малме, а стадионот со 6.000 места сезонава редовно е исполнет. Исто така интересно е дека во клубот меѓу стативите имаат „свој Петр Чех“, бидејќи првиот голман Ноел Торнквист брани со заштитен штитник на главата.
Селото кое со години се бореше за опстанок, заслужено го заврши својот најголем спортски успех, затоа што цела сезона во шведскиот шампионат беше лидер. Мјелби со овој потег инспирира милиони фанови ширум земјата и Европа.
Малиот шведски тим ќе остане запаметен како пример дека истрајноста, тимската работа и вербата во себе можат да ја надминат секоја статистика и традиција. Заради успехот, тимот ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

