Затоа е потребен ВАР: Дали Гостивар заслужи пенал со Силекс!? (ВИДЕО)

Дербито на колото меѓу Гостивар и Силекс заврши без голови, а тоа го искористи Шкендија која скокна на врвот во ПМФЛ на коло пред крајот на есенскиот дел од сезоната.

Сепак, од таборот на Гостивар има голем револт. Причината е недосуден пенал во второто полувреме. При еден центаршут на Дарко Глишиќ, топката удри во раката на Никола Брауновиќ. Имаше жестока реакција кон судијата Марјан Младеновски, но немаше промена на одлуката.

Гостивар и Силекс имаат по 34 бода на своето конто, исто колку што има и четвртопласираниот Работнички.