ВИДЕО: Затоа е најскап во историјата - Ливерпул со и без Ван Дајк не е истата екипа!

Виргил Ван Дајк и вечерва потврди дека со него и без него екипата не е иста. Холандскиот дефанзивец не настапина првиот натпревар против Баерн пред три недели, а денес своето присуство го потврди во двата казнени простори.

Имено, голот за 1-2 ги „замрзна“ Германците и им даде сигурност на моцмите на Клоп да го приведат натпреварот кон крај.

Голот на Ван Дајк против Баерн Минхен: 

Вирџил Ван Дајк потпиша договор вреден 80 милиони евра со Ливерпул и стана најскап дефанзивец во историјата. Тој како млад работел во ресторан за дневница од 10 евра и секогаш после завршувањето на работното време доаѓал неговиот татко да го собере и да го однесе на тренинг. Ван Дајк решил да раскрсти со кујната и да се посвети на фудбалот, со што се докажа дека не згрешил. Во Ливерпул добива неделна плата од 210.000  евра.