• Горан Упале
Лионел Меси постигна уште еден прекрасен гол, но тоа не беше доволно за Интер Мајами да ги освои сите три бода во дуелот против Торонто во МЛС лигата.
Натпреварот заврши со резултат 1-1, а беа забележани два прекрасни гола, од кои едниот беше потпишан од аргентинскиот ас. Торонто поведе по одличниот соло пробив на Федерико Бернардески во втората минута од судиското надополнување.
Сепак, Меси успеа да израмни три минути подоцна. Аргентинскиот ас прими топка на работ од шеснаесетникот и со полуволеј ја испрати во долниот лев агол на голманот.
Во останатиот дел од натпреварот Интер доминираше и имаше дури единаесет удари кон голот на ривалот, но резултатот не се промени.