Затоа е „дијамант“: Елмас еден од играчите со најмногу мечеви во 2021 година

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас зад себе ја остава најуспешната година во кариерата на клупски и на репрезентативен план, а тоа му донесе и импресивна статистика.

„Дијамантот“ кој игра за Наполи и за Македонија се наоѓа на четвртото место на листата на играчи со најмногу натпревари во изминатите 365 дена. Елмас за клубот и за државата одигра вкупно 70 натпревари.

Лидер на листата е Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед и Португалија со вкупно 73 средби, второто место му припаѓа на Каспер Шмајхел (Лестер Сити и Данска, 72 натпревари), додека третопласиран е Рубен Диас (Манчестер Сити и Португалија, 71 натпревари).

  • Целосната листа на играчи: