ВИДЕО: Застана здивот во Севиља од проектилот на Франко Васкез

За квалитетите на леваа нога на Франко Васкез не треба да се трошат зборови. Аргентинскиот плејмејкер со италијански пасош постигна ретко виден гол со неговата посилна нога на дебито на Севиља во Лига Европа против Стандард Лиеж.

Васкез во финишот на првиoт дел распали од работ на казнениот простор и со помош на стативата го совлада Очоа за 2-1.

Претходно Севиља поведе со голот на Евер Банега, а белгискиот претставник израмни преку Џенепо.