Заслужено: Алиоски е дел од тимот на колото во Чемпионшип

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски имаше одлична партија за Лидс Јунајтед и се најде во тимот на колото во англиската Чемпионшип лига.

Лидс со убедливи 4-0 победи во дерби-дуелот со Вест Бромвич Албион, а Алиоски беше еден од главните играчи во тимот и воедно се запиша во листата на стрелците. Нашиот фудбалер е единствен член на Лидс Јунајтед меѓу најдобрите.

Седмата сезонска реализација, 27-годишниот крилен играч ја оствари од непосредна близина, а на истата ѝ претходеше прекрасна акција на неговите соиграчи.

Со триумфот, избраниците на Марсело Биелса повторно се искачија на врвот на табелата во Чемпионшип, со еден бод предност пред Норвич.