Засилување за Интер пред дуелот со Јувентус, на голот се враќа Хандановиќ!?

Самир Хандановиќ се повреди на втори февруари, па мораше да пропушти неколку важни средби, меѓу кои градското дерби со Милан, дуелот против Лацио и првиот нокаут меч со Лудогорец од Лигата на Европа. 

Неговото место го зазема Даниеле Падели, кој остави впечаток дека не е најсигурна алтернатива, бидејќи имаше неколку киксови кои го чинеа Интер

Сепак, според најавите од италијанските медиуи се очекува капитенот да се врати за дербито на сезоната, во кое Интер ќе гостува на празниот „Алијанц Стадион“ во Торино.

Дотогаш се очекува и в четврток меѓу стативите против Лудогорец да се најде Падели.