Заради голема изнуда на пари, соиграч на Барди уапсен од шпанските власти

Екипата на Леванте се соочува со сериозен проблем, откако нивниот член Антонио Гарсија, попознат како Тоњо, синоќа беше уапсен од шпанските власти. 

Според тамошните медиуми 29-годишниот фудбалер заедно со уште шест лица бил вмешан во голема изнуда на пари, па вчера завршил зад решетки, од каде ќе ја докажува својата невиност. 

Оваа информација ја потврди и тимот од Валенсија, кој преку соопштение до јавноста испрати поддршка до својот член. 

„Бидејќи судската постапка за нашиот фудбалер Тоњо е во тек, клубот мора да се согласи на тајност. Леванте ќе му даде поддршка на него и неговото семејство, без разлика што ќе одлучи судот. Засега не ги знаеме доказите зошто нашиот фудбалер заминал зад решетки“, соопштија од клубот.

Апсењето на Гарсија доаѓа по само два дена откако се реши да ја продолжи соработката со Леванте до 2023 година.