ФОТО: Заработува 30 илјади евра неделно, а играше со распарчени копачки на „Вембли“

Астон Вила копачки

Екипата на Астон Вила од наредната сезона ќе настапува во Премиер лигата. Фудбалерите предводени од помошникот Џон Тери се израдуваа на голема победа на „Вембли“ против Дерби Каунти и се вратија во англиската елита.

Човекот кој што им остана во сеќавање на фановите по овој меч беше Џек Грејлиш. Не остави впечаток со својата игра или импакт на конечниот резултат, туку со копачките со кои ги одигра овие клучни 90 минути.

Тие беа целосно распарчени и имаа изглед кој ретко се гледа во денешниот фудбал. Младиот Англичанец ја објасни и причината за одлуката да игра со таа опрема.

„Кога се вратив од повреда со нив постигнав два гола и поделив неколку асистенции. Помислив дека ова се моите среќни копачки, па ги задржав“ , рече фудбалерот на Астон Вила.

Грејлиш претходно беше во центарот на вниманието поради ударот кој што го доби од навивач нна Бирмингем Сити. На истиот се реваншира со погодок за победа во директниот дуел.