• Мартин Танасковски
Како што пренесува „Calcio e Finanza“, голгетерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, е најплатениот играч во италијанскиот шампионат за сезоната 2024/25.
На листата прв е Влаховиќ со 12 милиони евра годишна нето заработка (по оданочување), а по него е Лаутаро Мартинез од Интер со 9 милиони евра. Понатаму следат Хакан Чалханоглу и Николо Барела, исто така од Интер со 6,5 милиони евра.
Маркус Турам од Интер и Ромелу Лукаку од Наполи имаат по шест милиони евра. Тука се и Алесандро Бастони (Интер) со 5,5 и Бенџамин Павар (Интер) со по пет милиони евра. Исто толку имаат и Глисон Бремер, Даглас Луис и Артур од Јувентус, како и Рафаел Леао од Милан.
Сезонава Србинот одигра три натпревари за тимот од Торино и постигна два гола, додека минатата сезона постигна 18 гола на 38 натпревари во сите натпреварувања.