• Саше Љолес
Хрватскиот фудбалски гигант, Динамо Загреб, со години има одлична трансфер политика и овој клуб секогаш заработува големи средства, а тоа се потврдува и со последната класификација, која вели дека „модрите“ се на деветтото место во Европа според средствата што се слеале во нивната каса.
Порталот „Циес Фудбал Обс“ го опфати периодот од 2015 до 2024 година, таму доминира португалската Бенфика (заработка од 816 милиони евра), а Динамо Загреб го зазема деветтото место со севкупна заработка од вртоглави 255 милиони евра!
Most positive net transfer spending*, last years
1⃣ #SLBenfica +€816 million
2⃣ #AFCAjax +€473m
3⃣ #RBSalzburg +€401m
* With any add-ons, without agent fees
Full @CIES_Football transfer market analysis https://t.co/2T8tbLAx9Y pic.twitter.com/VysPLBibuU— CIES Football Obs (@CIES_Football) September 8, 2024
Во првите десет клубови се уште Ајакс, РБ Салцбург, Лил, Спортинг Лисабон, Монако, Порто, Брага и ПСВ Ајндховен, клубови кои најчесто ги продаваат најдобрите играчи во големите европски гиганти.
Ова е уште една потврда за одличната трансфер-визија на Динамо Загреб, па не треба да зачудува фактот што „модрите“ се најдоа во ова одбрано друштво. За потсетување, хрватскиот клуб само минатото лето инкасираше сума од 54 милиони евра.