• Горан Упале

Квалификациите сè уште траат, а УЕФА веќе ги објави деталите за продажбата на билетите за Европското првенство чиј домаќин ќе биде Германија од 14 јуни до 14 јули следната година.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 3 октомври, а навивачите имаат можност да се пријават преку официјалната платформа на УЕФА.
Над 2,7 милиони билети ќе бидат достапни за навивачите на тимовите-учеснички и пошироката јавност, некои по цена од 30, а некои по 60 евра. Најскапиот билет ќе биде за финалната средба и ќе чини 1.000 евра. Навивачите можат да ја креираат својата сметка за билети и да бидат подготвени за купување на билетот.
Барањата за билети може да се поднесуваат од трети до 26. октомври.