Започнува младинскиот Мундијал во Полска, Бразил првпат не се квалификува!

В четврток попладне со првите натпревари од А и Б групите официјално почнува Светското првенство за фудбалери до 20 години во организација на ФИФА. Полска ќе биде домаќин на оваа голема приредба, најголема за националните селекции во 2019 година во организација на Светската куќа на фудбалот.

Титулата од пред две години ја брани Англија, а Европа ќе се обиде да стигне до четврта титула по ред, бидејќи пред четири години во Нов Зеланд се радуваа Србите, а во 2013 година во Турција, светски првак стана Франција.

Состав на групите:

Големо изненадување е што Бразил не успеа да се квалификува на оваа голема приредба, бидејќи заврши како петтопласиран на У20 Копа Америка. 

Натпреварите на шампионатот, кој ќе трае до 25 јуни, ќе се играат во Лоџ, Лублин, Гдиња, Бидгошч, Тиши и Биеслко-Биала.

Стадиони на шампионатот:

Поранешни ѕвезди на У20 Светското првенство:

  • Анти, Рикелме, Овен:

  • Салах, Гризман, Кутињо:

Аргентина со шест и Бразил со пет титули се убедливо најуспешни на вечната листа.