• Саше Љолес
Стартува новата сезона од Лигата на шампионите. Актуелниот шампион, Пари Сен Жермен, ќе се обиде да се справи со силната конкуренција и да ја задржи титулата која минатата година ја освои првпат во својата историја.
Европскиот првак доби навистина тешка ждрепка оваа сезона. Во групната фаза ќе се соочи со големи тимови како Барселона, Баерн Минхен, Аталанта, Баер Леверкузен, Тотенхем, Спортинг Лисабон, Њукасл и Атлетик Билбао.
За потсетување, минатата сезона "светците" со голема мака влегоа во плејофот за осминафиналето, но потоа направија импресивен поход - ги елиминираа Ливерпул и Арсенал во нокаут фазата, а во финалето го поразија Интер со огромни 5-0.
Оваа година, најсериозни кандидати за титулата ќе бидат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, силните англиски тимови - Ливерпул, Манчестер Сити и засилениот Арсенал, како и германскиот Баерн Минхен.
Дали ПСЖ може да го повтори историскиот поход од лани, останува да видиме. Едно е сигурно, тимот на Луис Енрике е исклучително силен и располага со огромен квалитет, но одбраната на елитниот трофеј е неверојатно тешка мисија.
Францускиот првак ќе ја отвори групната фаза против Аталанта на домашен терен. Овој натпревар е закажан за 17 септември, а почетокот е во 21:00 часот.
ФОТО/PHOTO: Paris Saint Germain/Facebook







