Започна изградбата на „новиот“ Пелистер: Ванчо Мицевски нов спортски директор

Откако пред една седмица Општина Битола го презеде раководењето со фудбалскиот клуб Пелистер, познато е првото име кое што доби функција во новата управа на „зелено-белите“.

Македонската фудбалска легенда Ванчо Мицевски се враќа битолскиот клуб, каде во следниот период ќе ја извршува фукцијата спортски директор. Пелистер веќе подолг период се соочува со сериозна финансиска и кадровска криза, па затоа пред поранешниот врвен голгетер претстои сериозен предизвик во кој ќе треба да ги консолидира редовите во клубот.

Ванчо Мицевски сигурно нема да биде единственото ново име во раководните структури на Пелистер, наскоро треба да биде назначен и новиот претседател.

Пелистерци веќе се во тренажен процес и ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој ќе треба да приредат нова сензација, како таа во минатата сезона, за да опстанат во мак-елитата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк