Започна гласањето за најубав гол во групната фаза во ЛШ, еве ги кандидатите

ЛШ групна фаза

На официјалната страница на УЕФА започна отворено гласање за најубавиот погодок во групната фаза во Лигата на шампионите.

Номинации добија Иван Ракитиќ, Кристијано Роналдо, Осман Дембеле и Маури Икарди. Англиските екипи беа „жртви“ на сите четири номинирани погодоци, поточно три прими Тотенхем и еден Манчестер Јунајтед.

Изразит фаворит е погодокот на хрватскиот фудбалер од Барселона, кој не му даде никаква шанса на Хуго Лорис.

Головите може да ги погледнете ТУКА.