ВИДЕО: Запата двапати удри на „своите“, Торино убедлив против Аталанта

Фудбалерите на Торино се радуваа во последниот натпревар од 14. коло на Серија А против Аталанта, веројатно поубедливо од очекуваното со 3-0 (1-0). Пресметката на „Олимпико“ во Торино го одбележа играчот кој всушност е позајмен од Аталанта во таборот на „биковите“, Дуван Запата, кој беше двоен стрелец.

  • Извештај од натпреварот:

По израмнетиот почеток на пресметката, резултатот беше отворен во 22. минута. Хрватскиот интернационалец Никола Влашиќ добро се уфрли и одложи топка на петерецот до Дуван Запата, а играч од неговиот калибар рутински реализира од таа позиција. До полувремето Аталанта имаше еден обид за израмнување преку Де Кетеларе, но голманот Вања Милинковиќ Савиќ го скроти ударот. 

На стартот на второто полувреме, по 11 минути игра домаќинот доби пенал. По невнимателно влечење на младиот Скалвини врз Бонџорно, ВАР собата го повика судијата Марко Пичинини кој досуди на единаесет метри. Одговорноста ја презеде Антонио Санабрија и реализира за 2-0. Конечниот резултат беше поставен во петтата минута од судиското продолжение (3-0). Влашиќ одново беше асистент, префрли на втора статива до Запата, а овој добро се снајде и ја испрати топката во мрежата. 

Со оваа победа Торино се приближи бодовно во трката за Европа со 19 бода на десеттото место, додека Аталанта со еден помалку е осмопласиран.

Состави

Иван Јуриќ

3-4-1-2

    Gian Piero Gasperini

    3-4-2-1