Заниоло: Првпат бев исплашен, се пишуваа многу лаги за мене

Фудбалерот на Рома и италијански репрезентативец Николо Заниоло вели дека целосно му се става на располагање на римскиот клуб, 

Заниоло, откако не успеа да го напушти римскиот клуб во зимскиот преоден рок, напиша отворено писмо. Тој одби да се пресели во Борнмут, а Рома потоа го блокираше трансферот во Лидс, бидејќи не можеше да се договорат околу обештетувањето.

„Иднината е во наши раце. Апсолутно се ставам на располагање на Рома. Во последните недели се пишуваа многу работи кои не се вистинити. Во Рома пристигнав како непознат играч, а навивачите ме прифатија. Ми дадоа самодоверба, ме бодреа во тешките и мрачни моменти кога се мачев со повреди“, истакна Заниоло.

Тој отри дека добил закани од навивачите по изјавите на тренерот Жозе Мурињо и директорот на клубот Тиаго Пинто дека повеќе нема да игра за Рома.

„За првпат се плашев за себе и за моето семејство. Се чувствував напуштено. Тоа никогаш порано не ми се случило. Бев исплашен“, објасни Заниоло.

23-годишниот фудбалер за Рома одигра 128 натпревари и постигна 24 гола. Тој го постигна единствениот погодок за Рома против Феенорд минатата година во финалето на Конференциската лига.