ВИДЕО: Заниоло и дружината се изнапромашија, Каљари освои бод во Удине

Екипите на Удинезе и Каљари ремизираа со конечни 1-1 во натпреварот од шестото коло на Серија А. Домашниот тим имаше неколку „трагичари“ во својот состав, а најмногу се „истакна“ Никлоло Заниоло, кој успеа да го промаши невозможното. 

  • Извештај од натпреварот:

Гостите од Сардинија поведоа со голот на Џенаро Борели во 25. минута, а Удинезе успеа да возврати преку Кристијан Кабаселе, кој израмни на 1-1 во 58. минута од мечот. Во продолжение домаќините имаа уште 4-5 прекрасни шанси за гол, промашија дури три зицери, но најголем впечаток остави нереализираната шанса на Заниоло.

Голманот на гостите направи грешка, топката дојде до Занило, кој биеше над пречката и ги остави во голем шок навивачите кои очекуваа да ја „скине“ мрежата. Нему потоа му се „придружи“ и напаѓачот Вакун Бајо, кој исто така промаши неверојатна шанса за победа во последните минути од натпреварот. 

До крајот на мечот Удинезе ја имаше иницијативата, но мораше да се задоволи со реми и само еден освоен бод.