• Горан Упале

Италијанскиот прволигаш Верона го назначи Паоло Занети за нов шеф на стручниот штаб, официјално потврди членот на италијанската Серија А.
Занети треба да го замени тренерот Марко Барони, кој беше промовиран во Лацио. Договорот меѓу Верона и 41-годишниот Занети беше потпишан на една година, со можност за продолжување на истиот период.
Занети во својата тренерска кариера беше тренер на Судитирол, Асколи, Венеција и Емполи. Верона минатата сезона заврши на тринаесеттото место во Серија А.