Зампарини: Ако не се пласираме во Серија А, ќе барам отштета од федерацијата!

Маурисио Зампарини, претседателот на Палермо, се закани со тужби кон Фудбалската федерација на Италија ако Палермо не обезбеди пласман во италијанската Серија А наредната сезона, поради фактот што никој не застана зад клубот во обид да ги задржи фудбалерите во значајните кола кои се за време на репрезентативните настапи.

Зампарини вели дека ќе бара отштета од федерацијата, затоа што репрезентациите им ја одземале половина екипа во тек на сезоната. Меѓу повиканите се и Илија Несторовски и Александар Трајковски, кои ќе играат за Македонија на пријателските против Финска и Азербејџан.

„Ако не се пласираме во Серија А, ќе барам оштета од федерацијата. Веќе една недела како ангажиравме адвокати за оваа проблематика. Не е возможно на екипа која се бори за промоција во Серија А, туку-така да им ги одземат фудбалерите заради репрезентативните обврски. Каде сте виделе такви вредности на спортот, да ви одземат половина екипа за да играат некакви пријателски натпревари. Во овој момент стоиме многу лошо, само уште ни фали да ги повикаат полските интернционалци. Парадоксално е што нашата федерација не интервенира“, вели Зампарини.

Еден од наконтроверзните Италијанци во фудбалот испрати барање до Ангеловски да ги ослободи Несторовски и Трајковски, но овој пат, селекторот му одговори негативно. Ангеловски веќе еднаш ги ослободи репрезентативците за дуелот со Норвешка, но овој пат, истакна дека тие му се потребни затоа што тимот се воигрува за Лигата на Нациите.