„Заминуваш од тим поголем од Манчестер Сити, помал е само финансиски...“

Жорж

Тренерот на Бенфика, Жорж Жезус, испрати провокација кон Манчестер Сити, за време на прошталниот говор со својот дефанзивец Рубен Диас.

Секогаш директниот предводник на португалскиот гигант му порача на 23-годишникот дека заминува во клуб кој е моќен финансиски, но не и поголем од оној во кој што досега настапуваше.

„Рубен добива испраќање, не само за она што го постигна со тимот, туку и за настапот на последниот меч (2-0 над Мореиренсе), исто така. Тој беше капитен, постигна гол, па сè беше брилијантно. И неговата иднина изгледа брилијантна, сите веруваме во тоа. „Животот на фудбалер е малку ваков, ти заминуваш од голем клуб (Бенфика), поголем од Сити, кој е само помал финансиски. И тоа е она што ја прави разликата...“, зборуваше Хесус.

Диас пристигнува во редовите на „граѓаните“ за 70 милиони евра, во обид да стане дефанзивецот кој ќе ги реши проблемите на Пеп Гвардиола.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.