Заминувањето на Мбапе предизвика огромен проблем, вредноста на Лига 1 драстично се намали

Огромен проблем за францускиот фудбал се појави летово, со заминувањето на единствената автентична ѕвезда Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид. Тоа драстично ја намали вредноста на шампионатот, па оттука и цената за ТВ правата која речиси се преполови.

По долги и исцрпувачки преговори, челниците на лигата на крајот ги продадоа правата на „ДАЗН“, која со тоа стана ексклузивен носител на правата за пренос на натпревари од францускиот шампионат.

Во меѓувреме имаше навивачки бојкот против „ДАЗН“, која постави превисоки цени за следење на натпреварите преку својата платформа - 15 евра за еден натпревар или 40 евра за пристап до преносите на сите натпревари на месечно ниво.

Во првите натпревари од сезоната, на многу стадиони се гледаа пароли против овој радиодифузер, за кои навивачите велат дека се „штетни за францускиот фудбал“.