Замер: Доцниме зад најдобрите, германскиот фудбал никогаш не бил вака просечен! 

Легендата на германскиот фудбал Матијас Замер не го криеше своето незадоволство од елиминацијата на бундеслигашите во Лигата на шампионите и јавно призна дека германскиот фудбал е во голема криза. 

Поранешниот освојувач на Европското првенство со Германија и Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд е загрижен за состојбата во германскиот клупски фудбал и вели дека тие доцнат зад најдобрите. 

„Доцниме зад најдобрите. Ние сме просечни, ова речиси никогаш не ни се случило. Едноставно треба да се собереме и да разговараме зошто германскиот фудбал стигна на едно вакво разочарувачко ниво. Моментално ние сме сè, само не победници“, рече Замер. 

Германските клубови Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Шалке 04 им приредија големо разочарување на своите фанови, откако беа елиминирани од осминафиналето на Лигата на шампионите.