Замената на Пандев во Џенова е голгетер на хрватска Горица

Ловриќ

Горан Пандев е на крајот од својата фудбалска кариера. Ветеранот најави пензија по крајот на тековната сезона, но сè уште ја нема донесено конечната одлука.

Офанзивецот ќе остави празно место во нападот на Џенова, ако одлучи да си замине. Калчолигашот веќе разгледува опции на фудбалери со кои би можел да го замени.

Последен на листата се појави Хрватот Кристијан Ловриќ. 25-годишникот ги брани боите на Горица и е проценет на пет милиони евра.

Пандев ја оствари целта во изминатите неколку сезони. Првично посакуваше да обезбеди опстанок со Џенова во Серија А, а потоа да настапи на Европското првенство со Македонија.