ВИДЕО: Замената на Мбапе блеска во САД, нов гол на откритието на Алонсо за Реал Мадрид!

До пред Светското клупско првенство, Гонзало Гарсија не беше во плановите на тогашниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, и настапуваше за вториот тим на „кралевите“, но откако дојде Чаби Алонсо, а и се повреди Килијан Мбапе, 21-годишниот напаѓач е главна фигура во составот на шпанскиот гигант.

Тоа го покажа и на денешниот натпревар против Борусија Дортмунд во четвртфиналето од СКП. Гарсија повторно ги покажа своите голгетерски способности и во десеттата минута на асистенција на Гулер погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0.

За младиот напаѓач тоа беше четврти погодок во петте настапи за планетарниот собир.