• Горан Упале
„Тоа е тоа, мојата кариера е завршена“, рече Ралф Фарман, поранешниот голман на Шалке. Човекот кој бранеше на 300 натпревари за Шалке одлучи да ја заврши кариерата откако ги отфрли сите понуди што ги имаше на маса.
„Се вклучив во фудбалот кога спортските информации беа на телетекст“, рече тој.
Тој ја започна својата кариера во Шалке, каде што не доби шанса веднаш, а потоа помина две години во Ајнтрахт. Се врати во Шалке откако Мануел Нојер замина во Баерн, во сезоната 2011-12, и остана член на Шалке до крајот на кариерата.
Откако му истече договорот ова лето, тој имаше неколку понуди, но ниту една од нив не беше доволно интересна за да ја продолжи кариерата.





