• Иван Димовски

Момчето кое го презеде приматот во нападот на Салцбург по заминувањето на Ерлинг Халанд, Патсон Дака игра во луда форма и може да се каже дека добро ги следи стапките на Норвежанецот.
Фудбалерот од Замбија на 19 натпревари во австриската Бундеслига досега има 23 голa и пет асистенции, а вчера во триумфот на Салцбург против Штурм даде хет-трик за само осум минути. Дака беше стрелец на единствените три голови во третата, петтата и единаесеттата минута од средбата, за најбрзиот хет-трик во Австрија досега.
- Хет-трикот на Дака против Штурм:
Инаку, Замбиецот има само 22 години и се очекува ова лето да направи трансфер во една од најдобрите европски лиги, а на него Салцбург сериозно ќе заработи. За африканскиот напаѓач заинтересирани се премиерлигашите Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но и италијанскиот гигант Милан.