ВИДЕО: Залутана топка загрижувачки собори новинарка на тревникот на „Местаља“

Ретко видена и непријатна случка камерите регистрираа пред почетокот на натпреварот од полуфиналето на Лига Европа меѓу Валенсија и Арсенал на „Местаља“. Имено, новинарката на шпанската спортска телевизија Gol TV, Моника Бенавент известувајќи од тревникот додека фудбалерите се загреваат, непријатно беше изненадена од една топка која заврши директно во нејзината глава и ја собори.

Емисијата продолжи од студио, а информацијата од продукцијата е дека со Моника е во најдобар ред и не е сериозно повредена, иако ударот изгледа загрижувачки опасен.