ВИДЕО: Залудна мајсторијата на Довбик, Рома заглави кај Неста во Монца

Монца и Рома одиграа без победник во претпоследниот натпревар од седмото коло на Серија А. Со два гола во вториот дел дуелот во Ломбардија заврши 1-1, со што продолжуваат неубедливите партии на „волчицата“ по заминувањето на Де Роси и доаѓањето на неговиот наследник.

  • Монца - Рома 1-1: 

Иван Јуриќ под силен притисок заради лошите резултати во Европа и без Пауло Дибала, сепак се одлучи за офанзивен тим на незгодното гостување во Монца. Пелегрини и Суле беа поддршка за истурениот Довбик. Токму украинскиот напаѓач во 15. минута го отвори резултатот, но на сигнализација од ВАР-собата, голот беше поништен.

Само три минути подоцна новопечениот репрезентативец Даниел Малдини излезе сам пред Миле Свилар, но белгискиот чувар на мрежата со одлична интервенција ја спаси „волчицата“.

Гостите од Рим подобро влегоа во вториот дел, ја имаа постојано топката во нозете и по соло-акцијата на Довбик во 61. минута поведоа. Украинецот ја мина одбраната на Монца и го совлада немоќниот Пицињако. Сепак, кога Рома најдобро стоеше на теренот, Мота во 70. минута со прекрасен бод израмни и донесе голем бод за екипата на Алесандро Неста (1-1). 

Рома е деветта со десет бода, а Монца остана претпоследна со само четири бода.