ВИДЕО: Залуден погодок на Пандев, Џенова со пораз го напушти Бергамо

Пандев

Фудбалерите на Аталанта се искачија на третата позиција на табелата во Серија А со денешната победа над Џенова (2-1) во 36. коло. Тие го прескокнаа Интер и се многу блиску до историски пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

  • Извештај од натпреварот: 

Македонскиот напаѓач Горан Пандев доби шанса од клупата за резерви на стартот од вториот дел и постигна еден гол, но не успеа да помогне да се избегне новиот пораз. По играта без голови во првите 45 минути, домаќинот притисна во продолжението и многу брзо стигна до чувствителна предност.

Муса Бароу погоди во 46. минута за отворање на резултатот, а веќе по десет минути игра во вториот дел натпреварот беше одлучен. Вториот гол во гостинската мрежа го постигна Тимоти Кастањ и обезбеди мирна завршница за својата екипа.

Нашиот интернационалец во последните моменти од натпреварот искористи една мешаница и ја затресе противничката мрежа за конечни 2-1. Тоа беше четврт сезонски погодок на 35-годишникот од Струмица.

Џенова има проблеми во завршницата од сезоната и е наоѓа во лоша форма. Тоа ќе мора што поскоро да го промени со цел да обезбеди опстанок во италијанската елита.