• Мартин Танасковски

Олимпик Марсеј на домашен терен загуби од Ленс (2-3) и ја прекина добрата серија во Лига 1. По осум одиграни кола, некогашниот француски првак го доживеа првиот неуспех во новата сезона.
- Извештај од натпреварот:
Блесок кај домашните имаше најдобриот играч Димитри Паје. Офанзивецот постигна два гола и го врати својот тим од бездната, меѓутоа не можеше да направи сè сам.
Ленс имаше предност од 0-2 со погодоците на Сотока и Франковски во 9. и 27. минута, а пред финишот на првото полувреме Паје експлодира и со два гола донесе реми на паузата (2-2). Во вториот дел човек на одлука беше Саид, кој ја стресе мрежата на Марсеј во 71. минута за конечни 2-3.
Ленс има блескав старт во Лига 1. Повратникот во елитата е на второто место со 15 бода. Марсеј сега падна на третото место и има 14 бода.