Закопани воените секири: Дембеле се врати во првиот тим на ПСЖ

Осман Дембеле ја „закопа секирата“ со тренерот Луис Енрике и доби дозвола да се врати во првиот тим на ПСЖ, официјално соопшти францускиот гигант. 

Напаѓачот беше отстранет од екипата поради недисциплина и не настапи на натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, но сега се враќа на тренинзите и се очекува да се појави на теренот на следниот натпревар во Лига 1 против Ница. 

Воедно, Дембеле доби и повик од селекторот на Франција, Дидие Дешамп, па веројатно ќе заигра и за „триколорите“ на следните два натпревари во Лигата на нации. Сезонава Французинот одигра одлични партии за „светците“ од Париз и досега забележа учинок од пет гола и пет асистенции.