• Иван Димовски
По две сезони минати на Олимпискиот стадион „Монжуик“, шпанскиот првак Барселона конечно доби зелено светло за враќање на реновираниот „Камп Ноу“.
Каталонскиот гигант доби позитивен одговор од Градскиот совет на барањето да ги игра домашните натпревари на својот легендарен стадион, а прв предвиден меч таму ќе биде во четвртото коло од Примера против Валенсија на Столе Димитриевски (ако не го смени тимот). Дуелот е закажан за викендот на 13 и 14 септември.
Поради тековните градежни активности, капацитетот ќе биде значително намален и максимално 27.000 гледачи ќе можат да бидат присутни на трибините.
Барселона веќе побара првите три кола да ги одигра како гостин, но со враќањето на „Камп Ноу“ се брза поради Лигата на шампионите. Доколку пријават друг стадион за европските натпревари, тогаш нема да можат да се вратат дома сè до крајот на глаавната фаза, односно до февруари.


