Закажано фудбалското „судењето на векот“ во Англија

Познат е периодот кога Манчестер Сити ќе се соочи со англискиот суд. Долгоочекуваното судење, можеби најголемото во историјата на англискиот фудбал, ќе се случи есента 2024 година.

На тоа судење на Манчестер Сити ќе му се суди за 115 случаи на прекршување на финансиските правила, кои ги регулираат деловните и спортските одлуки на клубовите во Премиер лигата. Од 2018 година до оваа година се водеше истрага поради сомнежи во бизнисот на актуелниот европски шампион.

Навивачите на Сити можат да бидат мирни, бидејќи нивниот тим сигурно ќе биде член на Премиер лигата следната сезона, додека подоцна доколку биде прогласен за виновен може да испадне. Клубот од Манчестер го собра најскапиот и најмоќниот адвокатски тим во Велика Британија, кој вети дека ќе ги надмине сите обвиненија.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека доколку клубот од „Итихад“ испадне во понизок ранг, тој сигурно ќе остане менаџер на тимот.