Закани за Ристовски во Ријека: Од јунак, до „персона нон грата“ (ФОТО)

Ријека и Динамо Загреб ќе го одиграат дербито на 14. коло од ХНЛ-лигата, а пред натпреварот во фокусот се најдоа двајца членови на „модрите“ кои ќе гостуваат кај стариот клуб.

Тоа се тренерот Сергеј Јакировиќ и десниот бек Стефан Ристовски. Македонецот беше јунак на Ријека и играше за тимот во најдобрите денови, кога екипата од „Рујевица“ стана шампион на Хрватска.

Сепак, ја замени Ријека со Динамо Загреб, сега е миленик на „БББ“ и автоматски стана „персона нон грата“ кај навивачката група „Армада“. „Јакир и Ристовски, ве чека пекол“ - стоеше на улиците на Ријека како најава за натпреварот.

Дуелот се игра в недела од 19:00 часот.