Зајков заигра во одбраната, Шарлоа им ги замрси сметките на фаворитите

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков годината ја заврши со доверба и два настапи во дерби натпреварите на Јупилер ПРО лигата во Белгија. Имено, централниот дефанзивец ги остави зад себе повредите и греењето на клупата и настапи на двата дуели со најсилните белгиски екипи.

Зајков одигра 90 минути во победата над Гент со 2-0 и 75 минути во ремито кај најтрофејниот белгиски клуб Андерлехт. Овие вести може само да го радуваат селекторот Игор Ангеловски пред стартот на квалификациите.

Шарлоа е осма на табелата во шампионатот на Белгија со 30 бода, само бод од фаворизираниот Андерлехт. 23-годишниот поранешен фудбалер на Работнички и Рен в среда очекува настап на уште едно дерби против Стандард Лиеж.