• Горан Упале
Maкедонскиот стопер Ѓоко Зајков и официјално ќе има нов предизвик во својата кариера. Иако се очекуваше дека неговиот премин во Левски е долгорочно решение, сепак разделба следеше по половина сезона.
За услугите на 26-годишниот дефанзивец имаше интерес од повеќе европски клубови, а како што дознаваме негова нова средина ќе биде Ворскла Полтава. Се работи за украински прволигаш, кој високо котира на табелата, по првиот дел од сезоната е на петтата позиција и се бори за местата кои идната сезона носат европски натпревари.
Зајков со новиот клуб потпиша договор на две и пол години, а неговата официјална промоција се очекува да биде до крајот на оваа седмица. Централниот дефанзивец запиша настапи на четиринаесет натпревари во шампионатот и два во Купот на Бугарија, а пред да дојде во Бугарија ги носеше дресовите на Работнички, Рен и Шарлоа.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк