Захави и Дабур ги предводат Израелците на гостувањето во Скопје

Од исходот на македонската фудбалска репрезентација во натпреварот против Израел, ќе биде познато дали нашиот национален тим првпат еден циклус квалификации ќе заврши на третото место или пак ќе заврши како четврти или петти во грипата.

Израелскиот селектор Андреас Херцог денес го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари против Полска на домашен и Македонија на гостински терен.

Херцог пак се потпре на двата одлични напаѓачи Захави и Дабур, кои и во Беер Шева ни создаваа многу проблеми.

Голмани: 
Ариел Харуш (Спарта Ротердам), Офир Марсијано (Хибернијан), Јоаф Герафи (Хапоел Тел Авив)

Одбрана: 
Талев Тавата (Лудогорец), Еитан Тиби (Макаби Тел Авив), Ели Даса (Витесе), Хатем АбдЕлхамед (Селтик), Орел Дгани (Хапоел Тел Авив), Омри Бен Харуш (Локерен), Сун Менахен (Макаби Хаифа), Лоаи Таха (Хапоел Беeр Шева)

Среден ред: 
Бибрас Натчо (Партизан), Ден Глејзер (Макаби Тел Авив), Нир Битон (Селтик), Берам Кајал (Чарлтон), Долев Хазиза (Макаби Хаифа), Џонатан Коен (Макаби Тел Авив), Илај Елмкис (Хофенхајм), Нета Лави (Макаби Хаифа), Гади Кинда (Беитар)

Напад: 
Мунес Дабур (Севиља), Шон Вајсман (Волфсбергер), Еран Захави (Гуангжу РФ), Диа Саба (Гуангжу РФ)

Натпреварот Македонија - Израел се игра на 19 ноември од 20:45 часот во Скопје.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 9 7 1 1 15:3 12 22
2 АвстријаАвстрија 9 6 1 2 19:8 11 19
3 СловенијаСловенија 1 9 4 2 3 14:8 6 14
4 МакедонијаМакедонија 1 9 3 2 4 11:13 -2 11
5 ИзраелИзраел 9 3 2 4 16:17 -1 11
6 ЛетонијаЛетонија 9 0 0 9 2:28 -26 0